По повод Светскиот ден на дијабетесот, 14. ноември, денеска во 14 часот во
Собранието на Република Македонија (сала Борис Трајковски) ќе се одржи настан на кој што ќе се обратат претставници на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – Баланс МК. Воедно, ќе биде организирано мерење на нивото на шеќер во крвта на пратениците, како симболичен чин на поддршка кон заложбите за подобрување на состојбите со дијабетесот, лицата и децата со дијабетес во Македонија – информираат од Асоцијацијата за детски дијабетес Баланс МК.
За дијабетесот во Собранието ќе зборуваат и претседателот на Националната комисија за дијабетес, д-р Ирфан Ахмети, и проф.д-р Зоран Гучев, раководител на Одделот за ендокринологија при Клиниката за детски болести.
Со поддршка на скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, и градоначалникот
на општина Кисела Вода, Филип Темелковски, вечерва во 20 часот во спортската сала “Независна Македонија” – Кисела Вода (до ОУ “Невена Ѓорѓиева Дуња“) ќе се одржи ревијален одбојкарски натпревар меѓу женските екипи на Селекција на Градскиот одбојкарски сојуз “Сити Старс“ – Скопје и “Јанта Волеј” – Скопје, а во знак на поддршка на Светскиот ден на дијабетесот, лицата и децата со дијабетес во Македонија и Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – Баланс МК.
Тимовите на натпреварот ќе носат дресови со синиот круг – симбол на единството во борбата со дијабетесот во светот.