Мерките за претпазловост ги почитувам, не постои никаква причина да бидат преиначени, рече денеска Јанкулоска пред Кривичниот суд одговарајќи им на новинарите дали се плаши дека и на неа ќе ѝ бидат определени построги мерки односно притвор.
На екс министерката која е обвинета во „Титаник“ и ѝ беше одземен пасошот со обврска да се јавува во судот, а откако во „Тенк“ беше осудена на 6 години затвор, пресуда која сѐ уште не е правосилна, ѝ беше издадена мерка забрана за напуштање на живеалиште односно на Скопје.
Јанкулоска утрово дојде на рочиште за „Титаник“ каде исто така се обвинети и бегалците Никола Груевски, како и Миле Јанакиески и Кирил Божиновски кои од утрово се наоѓаат во притвор.