И Јанакиески и Божиновски планирале да бегаат

Двајцата добија притвор во траење од 30 дена.

2599

Притворот за поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и екс генералниот секретар на Владата во времето на Никола Груевски, Кирил Божиновски, го потврдија и од Кривичниот суд.

Според нивното соопштение, СЈО побарало притвор врз основа на членот 165, став 1, точка 1 од Законот за кривична постапка што значи опасност за бегство.

– Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на СЈО за определување мерки за обезбедување присуство против М.Ј. и К.Б. опфатени во предметот „Титаник“, по ценење на фактите и доказите во предлогот донесе решенија со кои го прифати предлогот и на двете лица им определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 точка 1. од ЗКП односно „ако постојат други околности што укажуваат на опасност од бегство“ – велат од судот.

Притворот за обвинетите во предметот „Титаник“ Миле Јанакиески и Кирил Божиновски е побаран затоа што во текот на вчерашниот ден Специјалното јавно обвинителство добило информации дека тие се подготвуваат да избегаат на ист начин како и поранешиот премиер Никола Груевски, појасни пред судот обвинителката на СЈО  Лиле Стефанова на почетокот на денешното рочиште за „Титаник“.

– Во текот на вчерашниот ден добивме информации дека не само што Груевски се дал во бегство, туку дека на ист начин се подготвуваат да избегаат и Јанакиески и Божиновски – наведе Стефанова.

Таа побара на Груевски да му се суди во отсуство.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...