Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека „звучи“ како Русија да е одговорна за труењето на поранешниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка во Британија додавајќи дека за тоа ќе разговара со британската премиерка Тереза Меј.
– Звучи како да веруваат оти Русија е одговорна и секако тие наводи ќе ги сфатам како факт. САД ќе ја осудат Русија доколку тоа се поклопи со британските наоди -изјави Трамп пред да отпатува во Калифорнија.
Според досегашни сознанија на Британија, Скрипал и неговата ќерка биле отруени на 4 март со воен нервен агенс произведен во Русија.