Јанакиески и Божиновски однесени во притвор во „Шутка“

1854

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, ноќеска се приведени и пренесени во затворот „Шутка“.

Јанакиески за ТВ 21 синоќа изјави дека најостро го осудува бегството на Никола Груевски.

– Најостро го осудувам ваквиот чин, бидејќи ќе влијае негативно на судските предмети во целост, а посебно во оние предмети каде сме заедно обвинети – изјави Јанакиески.

Тој рече дека не планира да бега од Македонија и дека моментално е во Скопје, а најави и дека денеска ќе се појави на судското рочиште за предметот „Титаник“.

По бегството во Будимпешта на поранешниот премиер Никола Груевски, за да ја избегне затворска казна од две години за предметот „Тенк“, повеќе извори брифираат дека СЈО ќе бара притвор за сите обвинети кои се товарат за тешки кривични дела.

И министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски синоќа за телевизијата Канал 5 изјави дека СЈО и судот треба сериозно да размислат и за останатите лица кои се обвинети и осудени, а кои се на слобода како Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...