Судот го донесе решението за распишување на меѓународна потерница за поранешниот премиер Никола Груевски и таа веднаш ќе биде распишана, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за телевизијата Канал 5.
Спасовски вели дека по ова ќе биде информирано Министерството за правда кое ќе почне процедура за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски.
Додека трае постпката за азил Унгарија нема да одговори на постапката за екстрадиција, вели Спасовски.