Нема одговорност кај судот за бегството на Груевски, одговара претседателот на Кривичен, Иван Џолев на обвинувањата од извршната власт.
– Судот не може самоиницијативно да определи притвор. Или треба обвинителството да побара или пак Груевски да не ги почитува мерките на претпазливост односно да не се јавува редовно во судот за да му биде определена построга мерка како притвор. Ниту едното ниту дуругото не се случило до сега за случајот „Тенк“. Потерницата ја распишавме веднаш штом се создадоа законски услови за тоа – вели за Телма привот човек на Кривичен.