Шилегов се вади за наградата на Урко

3460

Град Скопје сака да ги разјасни дел од недореченостите околу доделувањето на наградите за спортисти „13 Ноември“ од Сојузот на спортови на Скопје, соопшти Градот.

– Сакаме да ја информираме јавноста дека овие награди не ги доделува Градот Скопје и истите не се дел од манифестациите кои ги организира Градот по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето. Овие награди ги доделува здружението на граѓани – Сојуз на спортови на Скопје, и истата не претставува официјална награда на Град Скопје.

Во рамки на одбележувањето на Денот на ослободувањето, вечерва на свечена церемонија градоначалникот Шилегов ќе ги додели наградите „13 Ноември“ на Град Скопје, кои веќе официјално беа објавени од Комисијата за доделување на оваа награда, меѓу кои има и награда за достигнувања во областа на спортот, стои во соопштението, но не е наведено дали скопскиот градоначалник се вади за наградата која му е доделена  наДејан Митровски – Урко, кој долги години беше шеф на обезбедувањето на експремиерот Никола Груевски.

Урко ја доби наградата за најдобар тренер во избор на Сојузот на спортови на Скопје по повод денот на ослободувањето „13 Ноември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...