Премиерот Зоран Заев денеска во Стопанската комора ги повика бизнисмените да инвестираат во погони за производство на масло од канабис и производство на канабис.
Според него, овој бизнис е извозно ориентиран и е многу доходовен.
– Вкупно 99,8 отсто од производството е наменето за извоз и на економијата ќе и обезбеди нови 100 милиони евра приход – рече Заев.
Премиерот најави дека се подготвува нова построга регулатива во однос на производството на канабис и масло од канабис.
– Се подготвува нов Закон за производство на масло од канабис. Со него ќе бидат воведени строги критериуми за фирмите производители на масло од канабис и за земјоделците кои ќе произведуваат канабис. Предвидени се и ригорозни контроли – рече Заев.
Заев соопшти дека се размислува и за одгледување на неколку нови сорти на канабис кои не се штетни за здравјето на луѓето, но ќе обезбедат приход за земјодлеците.