Предлогот медицинските сестри од приватното да бидат преземeни во јавно здравство во Собрание

216

Измените на Законот за здравствена заштита за преземање во јавно здравство на медицинските сестри кои претходно работеле во приватни здравствени установи, основани под закуп во здравствените домови, заради затворање на ПЗУ и во меѓувреме останале без работа, се во собраниска процедура – информираат денеска од Министерството за здравство.  

Во измените на Законот e внесена oдредба согласно која медицинските сестри кои ќе останат без работа може да бидат преземeни во јавни здравствени установи.

Овие законски измени, кои сега се уште се во собраниска процедура, пред две недели се усвоени од Владата. Таа ги усвои измените на Законот за здравствена заштита, со можност за преземање здравствени работници со високо образование, стоматолози и фармацевти од приватните во јавните здравствени установи без распишување оглас. На овој начин ќе се пополнат празните работни места на здравствените работници, со пократки процедури.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...