На спиење ограбен брачен пар во Гостивар

156

Брачен пар од Гостивар, утрово бил нападнат и ограбен, откако во нивниот дом насилно влегле тројца разбојници. За време на провалата, сопружниците спиеле.

Според СВР Тетово, утрово, околу 2.30 часот, три маскирани лица, од кои едното имало пиштол, извршиле разбојништво во куќата на Ј.Ј. (61) во Гостивар.

– Разбојниците претходно провалиле преку прозорец и пребарувале низ куќата. Вревата го разбудила сопственикот Ј.Ј. (61), кој бил физички нападнат и удиран по главата и телото. Од домот одземени се околу 50 илјади денари, два рачни часовника, два мобилни телефона и златен накит. Откако ги зеле скапоценостите, разбојниците ги заклучиле двајцата сопружници и ја напуштиле куќата – наведуваат од полицијата.

Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар извршиле увид, при што пронајдени, фотодокументирани и подигнати се повеќе траги за вештачење. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...