Премиер лигата може да го ограничи бројот на странски играчи

95

Поради излегувањето на Велика Британија од Европската унија, во англиската Премиер лига се размислува да се воведе лимит за странски играчи.

Според „Тајмс“, Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) ќе му предложи на раководството на Премиер лигата да го ограничи бројот на странците.

Како што се наведува, на екипите ќе им биде дозволено во тимот од 25 играчи 12 да бидат странци.

Во овој случај, ФА ќе изврши притисок врз Премиер лигата за да ја принуди да ги прифати овие услови. Во спротивно, барањата за играчи од земји кои не се членки на ЕУ во врска со постапката за добивање на работна дозвола може да се прошират и на фудбалерите на ЕУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...