Човекот кажа дека кај вратите скоро и ништо не се гледа. Една камера има, од далеку и матна, му пишал Трајко Вељаноски на пратеникот Крсто Мукоски, ден по упадот во Собранието, покажало вештачењето на телефоните.
,,Ок. Ми кажа човекот, ама не е лошо некако да се слушнеш со мојот колега што вчера вечер беше кај тебе, тој е отиден на разговор кај еден друг човек што треба да ја потврди целата ситуација и да гарантира дека ќе е така како што кажуваш, мислам дека треба да им се укаже на сериозноста на целата работа”, одговара Мукоски.
Пратеникот бара од поранешниот спикер да му пише кога ќе има информација.
Два дена подоцна Вељановски му пишува повторно на Мукоски велејќи дека ,,само муабет било”.
Потоа следуваат уште неколку пораки во кои му пишува: ,,Така вика човекот… Демек немало ништо”.
Од пораките на Вељаноски можеше да се слушне и како тој комуницира и со пратеникот Илија Димовски од кого на денот на насилството на 27 април бара да дојдат десетина пратеници за да му го чуваат кабинетот.
Од вештачењето на мобилниот телефон на Вељаноски, покрај со сопартијците, во судница беше прочитана и комуникација со Џеват Адеми од ДУИ.
„Зборевте со Агим?“, прашува Вељаноски, на што Адеми му одговара: „Не Бил на емисија утре сабајле ќе дојде во партија. И Артан му се јавил“.
„Гледај да завршиш работа, ќе доби нервен слом, ќе го носиме на душа“ одговара екс собранискиот спикер.