На професор Венцислав Недев денеска на пригодна свеченост му беше доделена наградата „13 Ноември“ за животно дело за придонес во развојот на карате спортот во Македонија во изминатите 50 години.
Тој е основач, претседател, тренер и селектор на МТКФ и КК „Работнички“ повеќе од 50 години, најзаслужен за постигнувањата на македонските каратисти кој под негово стручно водство станале европски, светски и балкански шампиони.
Негови ученици се прославените каратисти: Мирче Опелоски, Дејан Недев, Назим Куртовиќ, Аљоша Недев, Лујза Гашева, Кристијан Кајчевски, Јадранка Недева и многу други.