– Не знам – кусо одговори Мијалков на влегување во зградата на Кривичниот суд, запрашан од новинарите за тоа дали знае каде е Груевски.
На Мијалков денеска му се суди на ново рочиште за предметот на СЈО „Титаник 2“.
Поранешниот премиер веќе неколку дена е недостапен за органите на прогонот, кои го бараат за спроведување во затвор за издржување на казната од две години затвор, што ја доби за случајот „Тенк“. Откако во петокот не се појави во затворот „Шутка“, а истото се случи и вчера, синоќа МВР издаде потерница по него и почна да го бара, прво во неговиот дом, а потоа и кај седиштето на неговата партија.