МВР по известување од Кривичниот суд дека не може да го пронајде осудениот Никола Груевски да му врачи решение веднаш да се упати во затвор, попладнево распиша потерница по него.
„Основниот суд Скопје 1 издаде наредба за приведување на Никола Груевски и на 12.11.2018 во 16:30 часот ја достави до СВР Скопје и побара издавање на потерница. Министерството за внатрешни работи веднаш откако му беше доставена, постапува по наредбата”, соопшти МВР.