Судија на претходна постапка по барања на СЈО во предметот „Империја“ определи привремени мерки и забрани за отуѓување и располагање со уделите на фирмите за кои постои основано сомнение дека била прибавена имотна корист со кривичните дела за кои се води постапката.
„Воедно судија на претходна постапка, постапувајќи и по два предлога на надлежното обвинителство за привремено запирање на извршување на финансиски трансакции на правните лица за кои постои основано сомнение дека со кривичните дела, лицата опфатени во конкретниот предмет, прибавиле имотна корист, судијата ги прифати предлозите и со решенија наложи на повеќе банки да го запрат одливот на парични средства од сметките на предметните правни лица“, соопштија од Кривичниот суд.
Од судот, исто така, информираат дека во текот на денот адвокатите на осомничените кои се во притвор поднеле жалби за мерките притвор и кривичен совет дополнително ќе одлучува за нив.