Цел ден судските курири го бараат Груевски

451
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Судските служби во текот на денешниот ден прават нови обиди да го достават решението на Кривичниот совет, со кое се одбива жалбата против решението на судија за извршување санкции за одложување на двегодишната затворска казна за Никола Груевски, со што би се комплетирала доставата.

Доколку доставата не се комплетира, како што е наведено во соопштението од Кривичниот суд, судијата за извршување снакции може да презме дополнителни мерки согласно Законот за извршување санкции.

Од Основниот суд Скопје 1 информираат дека од затворот денеска било доставено известување дека обвинетиот сѐ уште не се јавил на издржување на правосилно потврдената казна.

Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 ги одби во петокот жалбите на Груевски и неговите адвокати и го потврди решението на судијата за извршување санкции со кое поранешниот премиер треба да се јави во затворот за издржување двегодишна казна за предметот „Тенк“.

Собранието на Република Македонија во петокот не му го одзеде пратеничкиот мандат на Груевски зашто немаше двотретинско мнозинство.

ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...