Аргентинецот бурно реагираше на една судиска одлука, па беше исклучен.
-Ми се чинеше дека одлуката не е фер. Сметам дека јас бев фаулиран, а не обратно. Казнет сум, а никого не навредив. Се извинувам на клубот, навивачите, тренерите, соиграчите. Ме совладаа емоциите – изјави Игуаин.
Поради директниот црвен картон, Игуаин најверојатно ќе биде суспендиран и нема да смее да го игра следниот натпревар од Серија А, против Лацио во Рим.