УЕФА сака да го промени распоредот на ЛШ поради Суперлигата

118

Европската фудбалска федерација размислува да го смени распоредот во евро-куповите, објави „АС“.

Средбите од Лигата на шампионите кои сега се играат во вторник и среда можат да бидат презакажани за време на викендот. Наместо тоа, натпреварите од националните првенства би се играле во вторник и среда, е идејата на УЕФА.

Таквата одлука може да се донесе поради можното создавање на Супер лига, во која ќе учествуваат 16 европски врвни клубови.

Ова ќе биде затворен турнир. Единаесет екипи: Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Јунајтед, Челзи, Арсенал, Манчестер Сити, Ливерпул, ПСЖ, Јувентус, Милан и Баерн Минхен би биле со загарантирано место секоја сезона, додека пет екипи ќе бидат во улога на гости. Тоа се Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Марсеј, Интер и Рома.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...