Двајца тешко повредени во трката на автомобили на Водно

422

Две лица биле повредени, од кои едно потешко на вчерашната трка од државниот шампионат на Македонија на ридски патеки „ Водно 2018″.

Според полицијата, несреќата се случила околу  11.45 часот на патеката за трка на потегот од Панорама до Средно Водно. Додека траела трката на автомобили, С.Т.(36) од Скопје управувајќи автомобил „југо“ со скопски регистерски таблици изгубил контрола и удрил најпрвин во ѕид, а потоа во Ј.Н.(39) и  А.М. (38), двајцата од Скопје кои биле во публиката.

Повредените со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Кај повредениот А.М. биле констатирани тешки повреди, а Ј.Н. се здобил со полесни повреди.

Увидна екипа од СВР-Скопје извршила увид и го расчистува случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...