Папакоста бара толкувачка изјава за јазикот и за државјанството

282

По завршувањеτо на уставната ревизија да се даде дополнителна толкувачка изјава во врска со јазикот и државјанството, бара заменик министерката за цивилна заштита на Грција и претседателка на партијата НЕО, Катерина Папакоста, јави дописничката на МИА од Атина.

Во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА, Папакоста вели дека нејзиниот предлог е веќе познат, а во следните денови ќе ги повика на дијалог политичките партии.

– Сметаме дека е неопходно постоење на толкувачка изјава веднаш по завршувањето на ревизијата на Уставот на соседната земја. Поконкретно, толкувачката изјава што ја предлага НЕО, ќе одредува дека: а) јазикот на соседната земја не се однесува на античкиот македонски јазик, туку ѝ припаѓа на групата словенски јазици, б) Националноста се однесува на државјанството (citizenship) – вели Папакоста во интервјуто и додава дека со „чувство на национална одговорност“, нејзината партија го доставува предлогот до владата, народот и политичките партии, за „засекогаш да се реши големото национално прашање, со главен критериум, почитувањето на историјата и гарантирање на грчките национални интереси“.

Катерина Папакоста, до лани беше член и пратеник на Нова демократија, а подоцна ја формираше партијата НЕО и по реконструкцијата на крајот од август годинава, влезе во коалиционата грчка Влада како заменик министер за цивилна заштита.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...