Млада милионерка бара момче, му нуди 70.000 евра годишно за да биде со неа (ФОТО)

2541
ФОТО: Принтскрин/ Јутјуб

Џејн Парк е 23-годишна милионерка од Британија, која на 17 години освоила милион фунти на лотарија и така станала позната.

Иако секојдневно ужива во луксузност, сепак и било потребно љубов.

Парк му нуди 60.000 фунти годишно (нешто помалку од 70.000 евра) на своето идно момче, односно на било кое момче кое ќе сака да биде со неа.

Таа тврди дека откако добила на лотарија, нема среќа во љубовта. Не знае дали некој сака да биде со неа само заради парите или бидејќи навистина му се допаѓа. Затоа таа се одлучила за оваа необична понуда, оти како што вели, бар ќе имаат отворен договор.

Младата милионерка не сакала да открие уште колку пари и останале. Како што вели, најмногу сакала да троши на модни додатоци, естетски зафати и скапи патувања.

ФОТО: Принтскрин/ Јутјуб

Извор: српски „Курир

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...