Мицотакис: Преспанското езеро на Грците им е познато по срамниот договор

227
ФОТО: EPA / SIMELA PANTZARTZI

Ставот дека Нова демократија нема да гласа за ратификација на Договорот од Преспа, ниту во овој, ниту во следниот парламент, го повтори Кирјакос Мицотакис, претседателот на најголемата грчка опозицициска партија од Костур каде што присуствуваше на одбележувањето на 106 годишнината од ослободувањето на градот.

– Неколку десетици километри над езерото во Костур, се наоѓа едно друго езеро, Преспанското езеро, кое денес, на грчкото општество му е познато, не по неговата исклучителна природна убавина, туку по срамниот Договор од Преспа, што го потпишаа господинот Ципрас и господинот Каменос. Договор кој им отстапува македонски јазик и македонска националност на нашите соседи. Повторувам од овде, од Костур дека Нова демократија нема да гласа за овој договор, ниту сега, ниту во следниот парламент – рече претстедателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

ФОТО: EPA / SIMELA PANTZARTZI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...