Оставивте детето да ми умре, да имав пари како Лазиќ, ќе беше поинаку, вели мајка

4610
ФОТО: Дамир Дервишагиќ / српски „Курир“

Дали животот на Дарко Лазиќ е поважен затоа што е познат? Да имав пари колку што има тој, можеби докторите толку би трчале и за мојата Наѓа и можеби таа денес би била жива. Ова биле зборовите на Драгана Петровиќ, очајна мајка на починатото двегодишно девојче.

– Наѓа умираше, а јас можев да ја посетам најмногу два пати дневно и ништо не можев да сторам. Дали неговиот живот е поважен само затоа што е познат? – прашала таа.

Лазиќ на 23 октомври со возило „бмв“, изгубил контрола, слетал од патот и се превртел на кров. Возел со брзина поголема од 150 километри на час и имал 1,39 промили алкохол во крвта.

Поради пејачот Дарко Лазиќ, болницата во која престојува во Земун била опколена со полиција. Оваа информација ја пренесува „Ало!“.

Како што рекол извор од болницата, неколку дилери се обиделе да внесат недозволени супстанции во собата на Лазиќ.

Извор: српски „Курир

ФОТО: Дамир Дервишагиќ / српски „Курир“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...