Македонскиот ракометен првак Вардар го доживеа првиот пораз на домашен терен во Лигата на шампионите, во дерби-дуелот на колото против Барселона, која со Скопје си оди со висок триумф (26-30), јави гол.мк.
Многуте технички грешки на стартот и лошото отворање на средбата беа пресудни за резултатот во Скопје. Вардарци грешеа во првиот дел, му дозволија на противникот да изгради разлика, која тешко се достигаше. Цел меч се бркаше резултат, но ниту еднаш Вардар не успеа да поведе на оваа средба. Околу 7.000 грла грмеа за македонскиот тим на овој дуел, но Барселона покажа дека е сериозен тим и го преживеа „пеколот“, за разлика од претходниот пат.