Дојде време, оние на кои Геро им даде најмногу гласност во изминативе 20 години, да се борат против него. Да го плукаат и навредуваат. Им даде простор за колумни, место да се изразат, им даде простор кога беа обесправени, кога сакаа да викнат, но никој не ги слушаше.
Без него ќе беа никаквеци, безгласни, анонимуси, морончиќи, ко што и се.
Јас, барем, кога се расправав пред 7,8 години со Геро, се расправав за висока политика.
Тие, денеска, се расправаат со него за Аца Лукас, чија „Лична карта“ во 90-те, ечеше по биртии, на периферија на метрополата, каде се стасуваше по калливи тесни патчиња.
И му посветив и една песна, „Аликанте“ од Превер, во најжестокото.
Ви даде весници и светло во најмрачните времиња. Ви даде очила да прогледате подобро.
„Ебаве, младоста, ебаве, сѐ ќе запустите“, рече таткото Димитрија во „Диво месо“”, во 1979 година.