Во реплика за време на собраниската расправа за нацрт амандманот четири, Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ порача дека во Македонија веќе нема црвени линии.
– Не ги зачувавте македонските црвени линии, бидејќи во Македонија веќе нема црвени линии за ништо. Буквално патос избришавте со нив- рече Ѓорчев и додаде дека договорот со Грција е асиметричен, бидејќи Грција не го менува Уставот.
Toj посочи дека е свесен оти било неопходно да се постигне консензус, но, како што рече, не вака лесно, бидејќи во иднина ќе добиваме нови и нови уцени.
Панчо Минов од Гром побара во амннадманот да се стави дополнителна одредба која ќе гласи „Републиката ги заштитува, гарантираи негува идентитетот и историското и културното наследсвто навмекдонскиот народ“, на што премиерот Заев му рече дека може да дојде до фрустрации ако нешто се потенцира премногу и оти не е добро двапати да се потенцира исто. Сепак вети дека ќе бидат доволно креативни при изработката на конечните уставни амандмани и во нив ќе се обидат да ги внесат сите забелешки.
-Грчкиот партнер нема проблем со нашиот идентитет и нашата определба. Јас сум Македонец и тоа чувство не може никој да ми го земе, но убаво е да најдеме начин низ дебата тоа да го потврдиме, потенцира Заев.