Над 1.700 луѓе излегоа со своите велосипеди во склоп на караванот Скопје на точак. Истиот е под покровителство на Град Скопје и е организиран од страна на Сојуз на спортови на Скопје. Неделата се покажа како совршен ден за овој настан. Целата атмосфера беше исполнета со позитивна енергија.
Сите кои денес со своите точаци возеа низ Скопје, велат покровителите, покажаа дека здравиот начин на живеење е многу важен приоритет за нив. Тие ја пренесоа и пораката дека заштита на животната средина поттекнува од сите кои живеат во градот. Исто како во минатото, кога во Скопје секој втор граѓанин имал велосипед, така и сега учесниците покажаа дека со точаци може да се оди на работа, на школо, на факултет, дома и други места. Организаторите, Сојуз на спортови на Скопје, се надеваат дека настаните од ваков тип ќе се надградуваат константно и дека сѐ поголем број на луѓе ќе користат велосипеди.
За безбедноста на караванот и неговите учесници се погрижи МВР кои заедно со организаторите ги водеа учесниците по брзина од 20км на час.