Комисијата за Уставни прашања расправа за амандманот 36 од Уставот на РМ, односно четвртиот и последен амандман за измени на Преамбулата.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, како што јави ТВ 21, денеска не дојде на седницата, а премиерот Заев кој доцнеше, ја отвори расправата цитирајќи го член 49, во кој се вели Републиката ги штити правата и интересите на државјаните на Македонија кои живеат во дијаспората.
Заев рече дека ова не ја прецизира етничката припадност туку измената на овој член предвидува грижа за заштита на идентитетот, културата на сите државјани кои живеат надвор од Македонија.