Демонстранти дома го убедуваа Љубен Арнаудов да не гласа за уставните измени

Тие вечерва протестираа пред домот на пратеникот која гласаше за иницијативата за уставни измени со барање тој да не ги поддржи амандманите.

1528

Пратеникот Љубен Арнаудов ги прими демонстрантите кои дојдоа пред неговиот дом за да му предадат писмо во кое бараат да не гласа за амандманите на Уставот кои се обврска од Преспанскиот договор.

– Љубен да те потсетиме, не му било лесно ниту на Христо Узунов, Питу Гули, на сите револуционери. Ако седеле дома, немаше да ја има Македонија. Ти Љубен имаш обврска, да не учествуваш во ова предавство – изјави Јанко Бачев од Единствени за Македонија пред домот на Арнаудов.

Домот на Арнаудов го чуваше силно полициско обезбедување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...