Камчев сместен во „Хашката соба“ – најлуксузна во затворот

5409

Првото лице кое Јордан Камчев и останатите четворица осомничени во новата истрага на СЈО, „Империја“ изутринава го виделе е затворскиот лекар. Ги прегледал и констатирал одлична здравствена состојба. Поплаки немаат, потврди за „Телма“ затворската управа.

Камчев бил сместен во т.н. „Хашка соба“, најлуксузна со која располага затворот, а во новото одделение бил уште еден осомничен. На двајца од притворните при распределбата им се паднало старото одделние, па ќе делат соба со повеќе цимери.

Претходната вест поврзана со ова може да ја прочитате тука.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...