Кој да верува на ДУИ дека со фанатизам ќе бара консезуален претседател на наредните избори, кога тие во 2014 година, барајќи со ист „фанатизам” кандидат за консезуален претседател, за да ја исполнат желбата на Груевски, без ниедна друга причина, побараа да се одржат вонредни парламентарни избори, со што се создадоа услови Иванов да се избере за претседател на државата?
Инаку, беше јасно дека цензусот не можеше да се постигне.
Сега од ДУИ слушаме дека се против вонредни избори, затоа што со тоа нема да се решел ниеден проблем. Можат ли господата од ДУИ да кажат кој проблем се реши после изборите во 2014 година, освен ако нивна цел не беше државата да се втурне во длабока криза, од која и со силна поддршка на странскиот фактор, се уште дефинитивно не е излезена?
Освен тоа, лидерот на ДУИ, за жал, никако не може да сфати дека после изборите од 2016 година, легитимитет да зборува во име на сите Албанци, има исто колку и Зоран Заев.
Дека постои личност со мешано етничко потекло, чија популарност меѓу Албанците во моментов е многу голема, што се спомнува како можен консезуален кандидат, како што пишува во вашиот весник („Слободен печат”), ако е точно – е повеќе од смешно.