Најновата жртва на екстазите во Србија, Софија била талент за математика

4797

Најновата жртва на екстазите во Србија, петнаесетгодишната Софија била талент за математика. Никогаш немала проблеми со ништо во животот, пријателите ја сакале и почитувале, а се чини дека за прв пат во животот пробала дрога.

– Се беше како и обично. Беше петок, се собравме во куќа за да се забавуваме. Одеднаш се појави тоа момче и нудеше таблети. Јас не зедов, ама имаше многу млади кои зедоа. Не се сеќавам дали Софија пиеше алкохол, знам само дека и се слоши – изјавила пријателка на Софија за српски „Курир“.

Другарите веднаш ја однеле Софија дома. Потоа слушнале дека била во болница. Според нејзините зборови, претходно Софија немала пробано такво нешто.

Наводно, таблетите се продавале за 400 српски динари од парче.

Софија починала после четири дена. Никогаш не ја повратила свеста, а лекарите колку и да се труделе, било залудно.

– Благодарен сум им на лекарите што дадоа се од себе. Одлучивме нејзините органи да ги донираме, така ќе знаеме дека она ќе живее и понатаму – рекол таткото на Софија.

Екстазите биле популарни кај адолесцентите, а можеле да се најдат по забави или собиранки.

Изминатото лето, екстазите во Србија одзедоа четири млади животи.

ФОТО: српски „Курир“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...