Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ги предупреди своите играчи дека ги очекува многу тежок натпревар в недела.
Непоразениот до овој момент шампион се соочува против Манчестер Јунајтед во големото дерби на Премиер лигата овој викенд.
Гвардиола истакна дека „црвените ѓаволи“ имаат неверојатен напад кој може да создаде сериозни проблеми за неговиот тим.
– Против топ тимови како Јунајтед, Челзи, Тотенхем и Ливерпул не може да очекувате дека ќе играме одлично во сите 90 минути и дека тие нема да и имаат шанси против нас. Кога ја поседуваат топката и ги имаат овие играчи во офанзивната линија, тие секако можат да создадат нешто. Тие имаат неверојатен талент во нападот, како и во средината на теренот. Токму поради тоа треба да се браниме длабоко и цврсто и да не дозволваме шанси од прекини, бидејќи тие се високи и многу подобри од нас вовоздух. Ние мора да ја држиме топката колку што е можно подолго кај нас и да бидеме клинички прецизни пред противничкиот гол – изјави Пеп Гвардиола пред дербито со Јунајтед.