МПЦ-ОА: СПЦ покажува хегемонистички аспирации кон Македонија

Ова 2018 лето МПЦ ќе ја одбележи илјадагодишнината на Охридската архиепископија, во катедралниот храм на Охридските архиепископија „Света Софија“ во Охрид на 28 мај.

695
20150705 Sunday 1840 Skopje Hram sv.konstantin i elena crkva nova arm Liturgija sv konstantin i elena gospodin gospodin stefan neosvetena crkva

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиеископија (МПЦ-ОА) оценува дека Предлог-текстот за промена на Уставот на Српската православна црква (СПЦ) содржи хегемонистички аспирации и националистички претензии врз суверенитетот и независноста на Република Македонија, како и грубо мешање во јурисдикцијата на МПЦ-ОА.

– Со ова, СПЦ покажува своевиден анахронизам, контрадиктторност и непринципиелност кон своите сопствени одлуки: САС на СПЦ бр. 1744/ зап. 343 од 26 јуни 1959 година, чл. 165 точка 6 каде се вели: „Со оваа Одлука, престануваат да важат прописите од Уставот на СПЦ, за епархиите и архиереите на територија на НРМ“. Истата Одлука на Синодот е потврдена на Светиот архиерејски собор на СПЦ – АСбр. 47/958 од 17 јуни 1959 година, донесена во Белград. Кој има очи – ќе види и кој има уши – ќе слушне! – се наведува во соопштението од Канцеларијата на Светиот синод на МПЦ-ОА објавено по денешната синодска седница.

САС на МПЦ на седницата разгледал повеќе прашања од црковниот живот, при што посветил посебно внимание на дејноста на воспитно-образовните институции, како и за претстојните прослави на црковните јубилеи.

– Ова 2018 лето Господово е јубилејно и нашата Црква ќе ја одбележи илјадагодишнината на Охридската архиепископија, во катедралниот храм на Охридските архиепископија „Света Софија“ во Охрид на 28 мај. Исто така, во првата седмица од месец октомври 2018 година, ќе се одржи и Архиепископски црковно-народен собор и ќе се одбележат 60-те години од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ – се вели во соопштението.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...