Мицотакис за ДВ: Ципрас го премина Рубикон со признавањето македонска нација

Мицотакис предупредува дека доколку актуелната грчка влада не успее да го ратификува договорот во актуелниот парламентарен состав во Атина, тоа нема да се случи со евентуален нов состав по избори.

249
ФОТО: EPA/ORESTIS PANAGIOTOU

За мене и за мојата партија останува неприфатливо признавањето на македонската нација и македонскиот јазик со Договорот од Преспа, вели лидерот на Неа Демократија, Кирјакос Мицотакис во интервју за Дојче веле. Мицотакис предупредува дека доколку актуелната грчка влада не успее да го ратификува договорот во актуелниот парламентарен состав во Атина, тоа нема да се случи со евентуален нов состав по избори.

Најголемиот проблем за Мицотакис е „македонскиот иредентизам“.

– Нашиот голем проблем со овој договор е што поврзувањето на сите негови елементи го зајакнува „македонскиот иредентизам“. Јас тука не мислам само на името. Мислам во прва линија на прашањата како јазикот и една македонска нација, кои преку овој договор- за првпат во историјата на преговорите со соседната земја- се признаваат. Во тој поглед господинот Ципрас го премина Рубикон. И признавањето на една македонска нација, како што се предвидува со овој договор, за нас е многу проблематично – Мицотакис во интервју за Дојче веле.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...