Тешко повреден битолчанец, откако возило излетало од патот и се превртело, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
– Вчера околу 15.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Битола – село Новаци пред селото Логоварди, патничко моторно возило „хјундаи“ со битолски регистерски таблици излетало од коловозот и се превртело. Во незгодата 49-годишниот возач се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница во Битола – велат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.