И Милошевиќ си умре, па Србија се мучи.
И Санадер лежи па во Хрватска се краде.
Ништо нема да ни се среди, ниту подобри, од одењето на Груевски во затвор.
Лекција за другите, тешко, во систем каде секој Прометеј порано или покасно се трансформира во Цезар.
Не престанувајте со вашиот бунт, зошто за борбата во животот нема крај, како што нема крај на вашата внатрешна состојба на робови. Ослободете се од тоа што ви е претставено како нормална состојба.
Учете, читајте, мислете, и не се откажувајте од недовербата во секоја власт, зошто во нејзината природа е да греши и да злоупотребува.
Баш како што гревовите на Груевски не се решаат едноставно со неговиот евентуален апс.
Срањата се демократизираат, и овој живот кој некои денес толку го фалат, е само иделогија на неговото сопствено отсуство.
(ФБ статус на авторот)