Брза помош која пренесувала дете со изгореници удрила во дива свиња

635

Директорот на велешката болница, Димитар Стровјаноски на својот фејсбук профил информираше дека екипата на велешката болница носејќи дете со изгореници во Клиничкиот центар во Скопје, имала сообраќајна несреќа.

Во незгодата нема жртви, а со лесни повреди се здобила медицинската сестра која се грижела за повреденото дете.

„Вечерва екипата на велешката болница носејќи дете со изгореници на клиника имаше сообраќајна незгода, удирајќи дива свиња на автопат…
По дваесетина минути пристигнав на местото, каде што возилото не беше во возна состојба. За среќа без жртви, но со лесни повреди кај сестрата која беше во придружба на пациентот, па заедно беа пренесени во Ургентниот центар.
По увидот од страна на полициските службеници, возилото веќе се транспортира со шлеп-служба на сервис во Скопје. Благодарност до Брзата помош од Скопје која ги превзема нашиот пациент и нашата повредена медицинска сестра“, напиша Стровјаноски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...