Одбиени жалбите, Груевски оди во затвор

Сите жалби на поранешниот премиер Никола Груевски се одбиени и тој треба да замине во затворот во Шуто Оризари веднаш штом ќе го добие решението дека му се одбиени жалбите. Одлуката е конечна. -

1249
Сите жалби на поранешниот премиер Никола Груевски се одбиени и тој треба да замине во затворот во Шуто Оризари веднаш штом ќе го добие решението дека му се одбиени жалбите. Одлуката е конечна. –
„Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалби истакнати од одбраната и обвинетиот во предметот „Тенк“, изјавени против решението на судија за извршување санкции, денеска одржа седница на која по ценење на фактите и доказите во жалбите донесе решение со кое ги одби жалбите и го потврди решението на судијата за извршување санкции. Решението е испратено до странките во постапката и истото е извршно веднаш по приемот од странките“, соопштија од Кривичниот суд.
Груевски и во затвор ќе ја зема пратеничката плата откако денеска на пленарна седница немаше двотретинско мнозинство за одземање на мандатот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...