Панделeски: Нашите фирми работеле и работат законски

дносот на нашите компании кон македонските државни институции и пред се пред македонските закони, секогаш се базирал на транспарентност и одговорност, изјави Панделески.

1550

По повод денешните наслови и текстови низ македонските медиуми, а во врска со новоотвореното обвинение на СЈО под наслов „Империја“, сопственикот и партнер на дел од фирмите споменати во обвинението, Цветан Панделески, тврди дека компаниите кои што се во сопственост на фамилијата Панделески, и во минатото и денес работат според позитивните законски прописи во државата.

– Под полна одговорност тврдам дека нема никакво криминално работење во нашите напори, во услови во какви што се наоѓаме како држава, да обезбедиме што поголем број работни места за македонските семејства. Односот на нашите компании кон македонските државни институции и пред се пред македонските закони, секогаш се базирал на транспарентност и одговорност – се наведува во изјавата на Цветан Панделески.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...