Воочи доаѓањето на најпознатиот радиестезист од соседна Србија, господин Душко Ковачевиќ, повторно се јавуваат познатите дилеми околу тоа што е тоа радиестезија и какви се тие зрачења кои многумина ги посочуваат како причинители за различни болести.
Радиестезијата е позната и призната уште во древна Кина, како респектирачка метода во применетата медицина, но кај нас нејзиното познавање е на исклучително ниско ниво. Честа појава е човекот да им дава натприродни својства на природните појави што не може да ги разбере. Лошиот глас кој ја следи радиестезијата е првенствено предизвикан од незнаењето и нејзино ставање во групата на ненаучни категории и вештини. Познавачите велат дека проблемот лежи во нас и во нашиот ментален склоп.
Имено, радиестезијата не е „научна фантастика“ и не е нешто натприродно, туку станува збор за нешто што постои во природата што не опкружува, велат познавачите на радиестезиските закони кои тврдат дека познавајќи ги истите, многу болести можат да се избегнат или полесно да се излекуваат.
Многу научници денеска почнуваат да предупредуваат на непосредната поврзаност на ракот и патогените зрачења чија бројност и силина почнува сѐ повеќе да ги загрозува човечкото здравје и живот како што се зголемува степенот на цивилизацијата.
Токму овој став и повеќе за радиестезијата можеме да слушнеме од познатиот радиестезист Душко Ковачевиќ од Белград кој низ својата пракса за откривање на зрачењето го поминал буквално целиот свет.
Тој ќе престојува во Македонија три дена и сите заинтересирани можат да закажат 20- минутен радиестезиски преглед за себе и својот простор. Доколку чувствувате дека постои некаква пречка во вашето здравје, местото на домување, работниот простор, тоа, смета Ковачевиќ, е показател дека постои некаков вид на негативно зрачење од било кој тип.
Последици од зрачењето се: намалувањето на имунитетот, хроничен умор и апатија, главоболка, депресија, болки во грбот и зглобовите, вртоглавица и зуење во ушите, тешкотии при концентрирање, нервна напнатост, алергии, брзо зголемување на диоптријата кај деца, грчеви во нозете, несоница, говорење во сон, шкрипење со забите, чести инфекции, солзење на очите, немирен сон, мокрење во сон, суицидност, раздразливост, нарушување на метаболизмот…
Во текот на престојот на господин Ковачевиќ ќе имаме можност да присуствуваме на неговото предавање: Детекција и заштита од штетни зрачења, кој ќе се одржи на 16. Март (петок) во 19 часот, на бул. „Св.Климент Охридски” бр. 48 во Центарот за здрава храна, ајурведа, јога и медитација.
Влезницата за предавањето изнесува 200,оо денари, личниот преглед 300 денари, а преглед на простор – 1000 денари.