Само вицепремиерот за Рамковен договор Хазби Лика, кој седи дома и зема плата ќе се збогува од функцијата, други проветрувања во владата ќе нема, брифира за Плусинфо висок функционер од Владата.
– Тој што не доаѓа на работа треба да се смени. Смена на други министри ќе нема оти нема потреба – вели функционерот.
Не се прецизира кога Лика ќе биде сменет, веројатно тоа ќе биде по 15 јануари, кога се очекува да завршат уставните процедури во Собранието.
Со ова се отфрлаат шпекулациите дека во пакет со Лика ќе бидат сменерти и други министри.