Манчевски на состанокот за донаторска координација во Брисел

109

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска е дел од четвртиот состанокот за донаторска координација во Западен Балкан, што се одржува во Брисел.

Министерот Манчевски, како што соопшти МИОА, зборуваше за приоритетите на Македонија, за интеграција во дигиталниот пазар на Европската Унија.

– МИОА во моментов работи во повеќе различни сфери со цел целосна дигитализација на земјата. Првпат во Македонија подготвуваме национален оперативен план за широкопојасен интернет. Конечно, Македонија ќе има стратегија за сајбер безбедност, на што активно работиме периодов. Исто така, работиме на зголемување на бројот на е-услуги кои ќе бидат дел од првиот национален портал, со цел да се подобри и олесни животот на граѓаните, рече министерот Манчевски.

Оцени дека за реализација на овие проекти од особено значење е поддршката на меѓународната заедница и донаторите.

На состанокот министерот информираше и за Дигиталниот самит за земјите од Западен Балкан, што ќе се одржи во Скопје на 18 и 19 април. Ги претстави четирите панел сесии кои се дел од официјалната агенда, каде говорници ќе бидат министрите од регионот задолжени за дигиталната агенда, како и експерти во секој од областите.

Дигиталниот самит има за цел да го приближи регионот кон Европската Унија, од дигитален аспект, со намалување на цени на роаминг, размена на искуства, отворање на вратите за единствен дигитален пазар,  отворање на можност младите да се преквалификуваат во земјите од ЕУ, и многу дружи можности кои треба да произлезат како заклучоци од овој самит.

Според него на овој начин земјите од регионот ќе влезат во ЕУ, пред официјалното политичко зачленување во европското семејство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...