Обвинетите изјавија дека не се чувствуваат виновни за свирепо убиство на Саздовски

584

Обвинетите за претепувањето до смрт на младиот Никола Саздовски, Бесир Беља и Скендер Демири кои се товарат за убиство на свиреп начин изјавија дека не се чувствуваат виновни за делото кое им се става на товар.

Судскиот процес започна денеска, а адвокатот на одбраната Насер Рауфи, најави дека тие во текот на судењето ќе се насочат кон докажување дека  немало умисла да се лиши од живот 20-годишниот Саздовски.

Покрај двајцата обвинети кои се наоѓаат во притвор во Шутка, обвинето е уште едно лице, кое се наоѓа во бегство и за кое е распишана домашна и меѓународна потерница.

Дваесетгодишното момче почина на 9. јули годинава, откако беше крвнички претепан на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“ во Автокоманда на 29 јуни. Неколку дена тој беше во кома на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што им подлегна на повредите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...