На барање на потрошувачите, „Екотип“ повторно е дел од „Скопје сити мол“ со продажбен и изложбен штанд, на кој може да се види дел од асортиманот, да се информирате и да се консултирате за нивните производи.
Штандот на „Екотип“ е лоциран на 1. кат, кај споредниот влез на трговскиот, од кај улица „Љубљанска“. Од асортиманот застапен во нивната компанија опфатени се производи од повеќе дејности, кои ќе го зголемат квалитетот на основните потреби на животот на човекот.
Blueair – прочстувачи за воздух, создадени во Шведска, со висока ефикасност, низок степен на бучава и одличен дизајн. Користејќи го најдобриот пречистувач на воздух во светот, особено во овој период кога загадувањето на воздухот е во најголем подем, ќе се заштитите себеси и своите најблиски, што е од големо значење за вашето здравје и квалитетот на животот.
Bluewater – филтри за прочистување вода. Оваа шведска компанија е посветена на наоѓање нови начини за подобрување на човековиот живот преку водата за пиење, готвењето и миењето на храната. Како иноватор во светот, преку своите производи, ја користи моќта на човечката генијалност за решавање на предизвиците поврзани со чистата вода.
Retap – шишиња од боросиликатно стакло, чија главна карактеристика е нивниот дизајн кој ја одржува чиста водата од чешма, безбедни се за користење, за одржување и имаaт доживотна гаранција.
На овој линк можете да го погледнете асортиманот што го нуди „Екотип“ http://www.filtracija.mk/, додека на нивниот штанд стручниот тим ќе ви помогне да го пронајдете уредот што најмногу ви одговара, ќе ве информира детално за придобивките од нивните производи, како и можностите што ги нуди како компанија.
(промотивен текст)