Исчезнатата Викторија се врати дома

Освен информацијата дека девојчето е со родителите, од МВР нема официјални информации каде била девојката изминатите денови додека се водеше за исчезната.

4586

По шест дена, исчезната 15-годишна девојка Викторија, по шест дена се вратила дома. Мајката вчера во полициска станица во Демир Хисар пријавила дека нејзината ќерка се вратила во домот во селото Суводол.

Исчезнувањето беше пријавено минатата недела, а информациите беа дека последен пат Викторија била видена во минатиот петок во 13.30 часот пред средното медицинско училиште во Битола каде што учи.

Освен информацијата дека девојчето е со родителите, од МВР нема официјални информации каде била девојката изминатите денови додека се водеше за исчезната.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...