На булеварот „Гоце Делчев“ во Штип утрово се случи сообраќајна несреќа во која тешко е повреден пешак. Несреќата се случи во 9. часот и 10 минути на пешачки премин кога учениците од Средното електромашинско училиште „Коле Нехтенин“ преминувале на пешачки премин, а возило марка „фолксваген опел“ директно удрило во еден од пешаците и го влечел неколку метри по булеварот.
Според првичните информации, средношколецот е во тешка состојба и е веднаш хоспитализиран во Клиничката болница во Штип.
Полицијата и истражните органи вршат увид на местото на несреќата, а се контролира и сообраќајот на булеварот „Гоце Делчев“, што е влез и излез на градот Штип. Ова е една од црните сообраќајни точки во Штип, каде што постојано има сообраќајни несреќи во кои страдаат пешаци.
Повеќе детали околу несреќата надлежните најавуваат во текот на денот.