По 40 години во Радовиш купено ново погребално возило

320

Со цел обезбедување на квалитетни и ефикасни комунални услуги за потребите на граѓаните, градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов изврши примопредавање на нова градежна машина – универзален ровокопач утоварувач, како и промоција на специјалното комунално возило за собирање и транспорт на смет-донација од рудникот Бучим.

Во присуство на градоначалникоти претседателот на општинскиот совет Коле Чаракчиев, директорот на комуналното претпријатие Дејан Крстев го презентираше новото погребно возило истакнувајќи дека по 40 години радовишани добиваат ново погребно возило со кое се решава еден долгогодишен проблем на претпријатието со застареноста на возниот парк.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...